Марио Ванчоски, ученик во 4-та година во штипската гимназија “Славчо Стојменски” се закити со сребрен медал, а прилепскиот матурант Петар Мирчески (од гимназијата “Мирче Ацев”) освои бронзен медал на 57-мата Меѓународна хемиска олимпијада (ICho 2025) која се одржа во Дубаи.
Успехот на младите хемичари од Македонија го надополни со пофалница, Теона Ана Георгиевска, ученичка во “Јахја Кемал” во Скопје. Македонија ви Дубаи настапи со тим од 4 млади хемичари, се натпреваруваше и Елена Живаљевиќ, 4 година во „Јахја Кемал“. На хемиската олимпијада учествуваа ученици од 90 држави.
Водичи на тимот беа проф. д-р Миха Буклески и проф. д-р Слоботка Алексовска од Институтот за хемија на Природно-математичкиот факултет од Скопје и членови на Сојузот на хемичари и технолози на Македонија, научното здружение кое што го организираше македонското учество на олимпијадата.
-Марио оствари трет најдобар резултат по број на поени за експерименталниот дел на натпреварот, во однос на сите 354 учесници, изјави Буклески за Умно.мк.
На двајцата млади хемичари, ова не им е прв успех на меѓународно ниво, на минатата олимпијада и Марио и Петар исто така освоија медали, но тогаш обратно, прилепскиот ученик донесе сребро, а штипскиот средношколец бронзен медал.











