Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски за барањето на родителите на загинатите во Кочани- Надзорна расправа за трагедијата е во рацете на пратениците

/

пред 337 дена

Сподели преку :

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека судскиот процес за трагедијата во Кочани ќе даде многу детали за „Пулс“ откако во саботата, родителите на 63-те загинати побараа анкетна комисија и надзорна расправа во Собранието за да се расветли целосно одговорноста и на лица кои не се опфатени со обвинението.

-Тоа прашање (собраниска анкетна комисија) треба да им се постави на народните избраници. Сметам дека јавноста многу скоро ќе има можност да ги слушне сите детали кога ќе започне судската постапка“, изјави премиерот Мицкоски.

Тој се осврна и на барањето за еднократен финансиски надомест за семејствата на жртвите, по примерот на трагедијата во модуларната болница во Тетово.

„Целосно ги разбирам барањата. Како Влада, досега правевме сѐ што е во наша моќ, и ќе продолжиме да го правиме истото. Болката на овие семејства е огромна и должност ни е да ја ублажиме колку што можеме“, истакна Мицкоски. по поставувањето на камен-темелник за нова детска градинка во скопска Газизбаба.

Миомир Серафиновиќ