Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Министерството за одбрана почна постапка за изградба на спомениците на загинатите бранители во Вејце, Карапалак и Љуботенски бачила

/

пред 1097 дена

Сподели преку :

Министерството за одбрана информираше дека ја започнало постапката за изградба на спомениците на загинатите бранители во месноста Љуботенски бачила, на Карпалак и во Вејце.

-Со оглед на обидот на градоначалниците на  општините до кои беше поднесена иницијативата да ја политизираат оваа иницијатива, министерката за одбрана Славјанка Петровска, сакајќи да се зачува ликот, делото и жртвата на загинатите бранители, започна со постапка за која не е потребна согласност од општините, а ќе овозможи изградба на овие споменици на споменатите локации, стои во соопштението на МО.

Оттаму велат дека „со заклучок на седницата на Владата одржана на 28.09., Владата ги задолжи Министерството за одбрана и надлежните институции, местата на кои загинале македонските бранители да бидат доделени на Министерството за одбрана. Постапката е веќе започната и е во тек.“