Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МНР објасни зошто не е дозволен прелет на Лавров, руски дипломат бара „најсилна реакција“ за земјите кои го забранија летот

/

пред 1581 дена

Сподели преку :

Министерството за надворешни работи го одби барањето на Руската амбасада за специјално одобрение за користење на воздушниот простор за лет до Белград, поради тоа што Владата веќе има донесено општа одлука за затворање на воздушниот простор на Македонија за авиопревозници во сопственост на Руската Федерација, соопшти денеска МНР во врска со одлуката да не се дозволи прелет преку нашиот воздушен простор на авионот со кој шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров требаше да отпатува во посета на Србија.

Одлуки за забрана на прелет на авионот на Лавров преку нивните воздушни простори донесоа и Бугарија и Црна Гора, поради што посетата на рускиот министер за надворешни работи на Белград, предвидена за денеска и утре, беше откажана.

Од друга страна рускиот дипломат Сергеј Орџоникиџе изјави за руската агенција РИА дека „Русија би можела да ги отповика амбасадорите на Црна Гора и Бугарија поради ситуацијата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров“. , изјави рускиот дипломат Сергеј Орџоникиџе, пренесува РИА новости.

„Мислам дека реакцијата треба да биде најсилна, бидејќи спречија висок функционер на нашата држава да ја врши дипломатската должност. Ова е политички чекор на антируска ориентација“, изјавил Орџоникиџе за РИА.

Лавров не оди во Белград, Македонија една од земјите која забрани прелет на неговиот авион