Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мора да ги заштитиме податоците, изворите и методите- АНБ со одговор до Телма за имињата на следените и дали имало прислушување во случајот кој го отвори тајната служба

/

пред 413 дена

Сподели преку :

Тајната служба АНБ во одговор до Телма и натаму смета дека нивните доверливи документи може да ги декласифицира само по барање на обвинителството, а не самата АНБ како создавач на тие доверливи и класифицирани информации.

Во врска со имињата кои се споменуваат како следени односно прислушкувани, АНБ одговори дека е должна со закон на „заштита на податоците, средствата, методите и изворите на податоци на Агенцијата.“ Дополнително, АНБ не може да споделува поконкретни податоци поради активностите на надлежните во врска со информациите кои укажуваат на незаконско работење.

Од АНБ не ни одговорија на директното прашање дали станува збор за следење на комуникации односно прислушување или за физичко следење на лица, туку посочија дека Агенцијата има законски можности да ги врши и двете активности во работата.

Во продолжение прашањата на Телма и одговорите на АНБ:

ПРАШАЊЕ: Во врска со случајот и декласификација на спорните документи, дали нешто е преземено?

Дали АНБ може да врши декласификација на класифицирани документи кои ги произвела  како што бара опозицијата?

ОДГОВОР НА АНБ: Во однос на декласификацијата на документи,со оглед на тоа дека од страна на вашиот медиум претходно беше поставено ова прашање,повторно известуваме дека Агенцијата за национална безбедност во врска со сите информации кои се однесуваат на незаконско постапување достави известување до надлежно Јавно обвинителство.

Доколку за потребите на понатамошните постапки пред надлежни органи се јави потреба за декласификација на документи чиј создавач е Агенцијата, а се во врска со доставените известувања до Јавното обвинителство,ќе постапиме во согласност со прописите кои  ја регулираат предметната материја.

ПРАШАЊЕ: Дали се точни имињата за следени што се појавуваат во медиумите, Вилма Рускоска, Орце Камчев, Љупчо Златев, Кристијан Ландов, Оливер Спасовски?

ОДГОВОР НА АНБ: Во контекст на претходно наведеното потребно е да се има предвид и тоа дека во согласност со закон сме должни за заштита на податоците, средствата, методите и изворите на податоци на Агенцијата.

Имајќи ја предвид потребата за преземање на формално-правни активности од страна на надлежните органи, во врска со информациите кои укажуваат на незаконско работење, не можеме да споделиме поконкретни податоци.

ПРАШАЊЕ: Дали станува збор за следење на лица или за прислушување (следење на комуникации)?.

ОДГОВОР НА АНБ: Агенцијата за национална безбедност при вршење на работите од законски утврдениот делокруг на работата, собира податоци и информации користејќи методи и средства кои се различни, односно преку отворени извори, физички лица, како и со примена на мерки за следење на комуникации за потребите на безбедноста утврдени со член 18 од Законот за следење на комуникации.

Миомир Серафиновиќ

Ако има злоупотреби во државни тајни и доверливи документи- Законот дозволува да се објават