По големиот инцидент и упад на партиски активисти на ДУИ во контролата на летање, МВР соопшти дека од 8 насилници, 4- ца се во станица.
-МВР ја известува јавноста дека во полициска станица се четири лица инволвирани во нападот врз вработени во МНАВ, кој беше пријавен денеска (04.01.2024) околу 15.15 часот и со нив се вршат службени разговори, по што во координација со ОЈО ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Исто така, се преземаат мерки за пронаоѓање на уште четири лица. Ја известуваме јавноста и дека МВР во наредниот период континуирано ќе ја обезбедува зградата на МНАВ, соопшти МВР.
Претходно Телма објави и дека во упадот учествувало лице кои имало условна осуда, а на местото на нападот врз тројца контролори на летање бил и нивниот колега Беким Незири, советник на директорот на М-НАВ и партиски функционер на ДУИ.
https://telma.idesign.mk/2024/01/04/policaec-soprug-na-vrabotena-vo-m-nav-funkcioner-na-dui-koj-se-uchestvuval-vo-upadot-vo-kulata-na-navigacija-i-napadot-vrz-kontrolori-na-letanje/











