Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

На 19 ти ноември закажано судење за пожарот кој избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани

/

пред 359 дена

Сподели преку :

Закажано е судење за пожарот кој избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани. главната расправа за кривично правниот – предмет поврзан со несреќата во дискотеката „Пулс“ е закажана за 19 – ти ноември 2025 година со почеток во 09:30 часот, во судницата во КПУ Идризово. Како што информираат од Кривичниот Суд, обвинителниот акт поднесен првично од ОЈО Кочани, па со решение на јавниот обвинител на РСМ, доделен во надлежност на скопското јавно обвинителство, е одобрен во целост, а согласно АКМИС – системот, распределен на понатамошно постапување кај судија Диана Груевска Илиевска. Заради интерес на медиумите и невладини организации кои ја следат работата на судот, но и заради транспарентно известување на јавноста во однос на конкретниот предмет,  од судот информираат дека покрај судиите кои се изземаат од постапување пред оцена на обвинителниот акт,  дополнителни  и судиите Тамара Витларова – Смилевска и Илина Смичковска – Илиевска се изземаа од постапување по предметот заради исполнување на законските одредби односно лично познанство со дел од оштетените. Како втор член на судечкиот совет, кој ќе постапува по предметот, согласно измените на годишниот распоред за постапување на судиите, ќе постапува судијата Ахмед Идризи. Пожарот во дикотеката „Пулс“ се случи на 16 март 2025 година во 2:35 часот наутро од трагедијата животот го загубија 63 лица.