Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Над 23 илјади денари за храна и пијалоци му биле потребни на едно семејство во јуни

/

пред 494 дена

Сподели преку :

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јуни се зголемени за 790 денари во споредба со мај, покажуваат податоците што ги изработува Сојузот на синдикати на Македонија.

Според овие податоци, вредноста на синдикалната минимална кошница во јуни изнесувала 64.698 денари, а со изнајмен стан од 60 метри квадрати 80.073 денари.

Зголемување од 733 денари има и кај храната и пијалaците во однос на мај. Пресметките на ССМ покажуваат дека за храна и пијалaци во јуни на едно семејство му биле потребни 23.167 денари.

 Имајќи ги во превид горенаведените податоци евидентно е дека откако завршија активните владини мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница за два месеци е зголемена за 2.007 денари, додека кај храната и пијалaците за два месеци има зголемување за 1.678 денари – велат од ССМ.