Половина ден, Собранието усогласувало соопштение заедно со АНБ во која пратеници беа во надзор и наместо инфромации и документи добија вино.
Излегоа со кесенца со шишиња вино, ама без да извршат надзор во документите во кои според раководството на АНБ има злоупотреби и следење на премиерот како опозиционер и други јавни личности. Пратениците кои отидоа да дознаат повеќе бидејќи имаат таква надлежност всушност не добиле на увид ниту еден документ, што беше потврдено и од Собарнието преку соопштение.
-Директорот информираше и дека се доставени известувања до надлежно Јавно обвинителство кое постапува во конкретниот случај. Од тие причини пратениците немаа можност за увид во документацијата, соопштија од Собранието.
Во соопштението не е објаснето кој правник донел заклучок да ни им дава документи на пратеници кои вршат надзор врз тајните служби поради отворена истрага во обвинителството.
АНБ во одговор на прашање на Телма пак рече дека соопштението било усогласено меѓу Агенцијата и Собранието што исто така е нова пракса бидејќи пратениците се тие кои вршат надзор врз тајната служба и известуваат како поминале.
Собранието за посетата која заврши вчера пред 15 часот беше издадено претпладнево или половина ден подоцна. Дека останале без увид во документите на АНБ потврдија и пратениците од двете страни (Славјанка Петровска- СДСМ и Љупчо Пренџов- ВМРО-ДПМНЕ) кои денеска беа во надзорна посета на Разузнавање.
АНБ при регистрирани злоупотреби треба да ја извести и собраниската комисијата за надзор, а од Агенцијата преку одговор ни потврдија дека Собранието било известено уште во јули.
-Ве известуваме дека Агенцијата за национална безбедност во месец јули достави покана до Собраниската комисија заради поконкретно запознавање на информациите за работата на Агенцијата во период од 2019 до 2024,како и за други прашања за кои е надлежна Комисијата, ни одговорија од АНБ.
Но, Собранието и надзорната комисија не работеле со овие класифицирани информации за сомнежи за злоупотреби бидејќи претседателот на комисијата Скендер Зејд Реџепи нема безбедносен сертификат ниту одговор на неговото барање. Уште двајца пратеници во комисијата не добиваат одговор од АНБ зошто немаат сертификат за да вршат надзор врз тајната служба.
Од АНБ не ни одговорија зошто пратениците, но и заменици на народниот правобранител со месеци и години чекаат одговор на барањето да добијат „ДРЖАВНА ТАЈНА“ сертификат туку само ја објаснија законската процедура.
Врз основа на безбедносните проверки извршени од Агенцијата, од страна на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации се утврдува постоење на безбедносен ризик и се издава безбедносен сертификат, велат од Агенцијата за национална безбедност во одговор на прашање на Телма.
Пратениците и при денешниот надзор во Агенцијата за разузнавање немале увид во документи.
Миомир Серафиновиќ











