Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Четворки“ по англиски и мајчин јазик, „петка“ по француски, солидна „четворка“ по математика – оценки на државната матура

/

пред 444 дена

Сподели преку :

Средношколците во Македонија успеаја да остварат просек „многу добар“ на последната државна матура со просечна оценка од 3,69. Министерката за образование Весна Јаневска на новинарско прашање посочи дека не станува збор за полесни тестови од лани кога просекот беше „добар“, односно 3,26.

Дополнителни причини се најверојатно поквалитетната подготовка на учениците за матурата поради мерките да нема препишување и забраната за носење на мобилни телефони на тестовите. Сите ученици кои биле фатени со мобилни биле отстранети од просториите каде се одржувало тестирањето. Тестирањето беше организирано во поголеми простории како факултетски амфитеатри и со повеќе тестатори и контролори.

Најдобра оценка била остварена по предметот естетика 4,93 (лани 4,63), но станува збор за помал број на ученици кои се од уметничките средни училишта. Најслаба оценка е по англиски јазик 3,65, иако таа просечна оценка бележи најголемо зголемување од лани кога била 3,06 (+0.59).

И по мајчиниот јазик, сега оценката е „многу добар“ , но втор најслаб – над 15.000 матуранти ги решиле тестовите со просек од 3,68 (лани 3,37). Во овој испит влегуваат тестовите по македонски, албански, турски и српски јазик и просекот се пресметува за сите нив заедно без разлика на бројот на ученици кои полагаат.

„Parlez vous francais“ помина одлично меѓу матурантите кои на францускиот јазик имаат највисока оценка меѓу јазиците со просек од 4,67, односно „одличен“ (лани „французите“ освоиле оценка 4,47). За германскиот јазик просекот на оваа матура е „многу добар“ со 4,42 што е за малку подобро од ланските 4,33.

Голем раст на средната оценка има на тестот по математика за која средношколците покажале среден успех од 4,14 што е солидна „четворка“, во однос на ланските 3,73. Оваа генерација матуранти била подобра од претходниците за +0,41 во крајната оценка. Помал број од учениците полагал и филозофија која има трета најслаба оценка од 3,71.