Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Не му е прво бегство од македонските затвори- затвореникот Мемети кој синоќа рани затворски чувар успевал и претходно да избега

/

пред 1359 дена

Сподели преку :

Во 2008-ма во декември полицијата го уапсила Беким Мемети тогаш на 21-годишна возраст. Бил бегалец од затвор иако требало да отслужи затворска казна од вкупно 5 и пол години затвор за разбојништво и за недозволено држење на оружје.

Претходно Беким Мемети бил уапсен и суден за извршено разбојништво. делото и бил предаден во тетовскиот затвор. Тетовскиот суд за стореното дело разбојништво го огласил Мемети за виновен изрекувајќи му затворска казна од две години.

По изрекувањето на казната Мемети бил пренесен во тетовскиот затвор од каде по осум дена побегнал. Мемети за разбојништвото требало да отслужи уште 5 и пол години затвор за сите извршени кривични дела.

По вторпат Мемети бега во септември 2016-та кога во Мала Речица вади пиштол и убива едно лице при расправија на две групи.

Во 2020-тата година, бегството му завршува со апсење во Берлин во Германија од каде е екстрадиран во Македонија. Бил осуден на 20 години затвор во отсуство за убиството. Исто така имал уште една пресуда од две години затвор за разбојништво што значи дека и претходната казна не ја издржал туку успеал да избега.

Во повтореното судење за убиството, Мемети е осуден на 19 години затвор, но синоќа повторно бега од затворско комбе на пат кон болница. При бегството Мемети ранил затворски чувар од кого го зел пиштолот.

Истрагата сега расветлува зошто затворските чувари тргнале на пат без да повикаат полициска придружба бидејќи станувало збор за ризичен затвореник. Ранетиот чувар бил погоден во стомак.

Ранет припадник на затворската полиција во филмско грабнување на затвореник осуден за убиство