Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

НЕОФИЦИЈАЛНА ПОТВРДА: Во Софија ќе има средба на Силјановска со Радев

/

пред 768 дена

Сподели преку :

Телма доби неофицијална потврда дека претседателката Гордана Силјановска Давкова ќе оствари средба со бугарскиот колега, Румен Радев во Софија на крајот од оваа работна недела во рамките на нејзината посета на бугарскиот главен град каде ќе присуствува на операта „Набуко“ во изведба на Македонската опера и балет.

Гостувањето на Операта и културната размена ќе бидат искористени како инструмент за културна дипломатија, нешто што Силјановска го потенцираше како потребно за развој на односите со Бугарија. Средбата со Радев е дел од тие активности на Силјановска, неофицијално потврдија изворите на Телма од кабинетот.

Односите меѓу двете држави се заладени неколку години, а дополнително се влошија и по промената на власта во Скопје и во претседателскиот кабинет и во владата. Радев е единствена политичка константа во естаблишментот во Бугарија откако неколку години по ред во Софија нема стабилна влада и во периодот од април 2021-ва досега се одржани 6 парламентарни избори, а седмите во низа се закажани за крајот на октомври.

Ќе се сретне ли Силјановска со Радев во Софија каде оди на македонска опера- Претседателката ги прими и акредитивите од новиот бугарски амбасадор