Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нерамномерна распределба на пари за пожарникари

/

пред 1058 дена

Сподели преку :

Целосно да се исплаќаат блок дотациите за пожарникарите од страна на Министерството за одбрана, бара штипскиот градоначалник, Иван Јорданов. Тврди дека не се почитуваат законските одредби во врска со распределбата на средствата со кои се исплаќаат платите на пожарникарите. Едни општини добиваат средства согласно законот, а на дел од поголемите  општини, какошто е Штип добива пари само за десет пожарникари, наместо за 33 колку треба да има и според бројот на жители за општините Штип и Карбинци, каде што ги гасната пожарите и интервенираат при несреќи. Штип секој месец по овој основ од буџетот издвојува средства во висина од два милиони денари, бидејќи државата исплаќа само 700.000 денари.

МГС тон од фајл 00096 Иван Јорданов градоначалник на Штип почнува од 3.10 она што завршува на 3.40 канализација

Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓоргиев истакнува дека неправда во однос на распределбата на ваквите средства има и во други  општини,а  на темава веќе се разговарало со Министерот за финансии. Општина Штип и Синдикатот на пожарникарите деновиве потпишаа нов Колективен договор, со кој е договорено дека платата ќе им се зголеми, а редовно ќе се исплаќаат и додатоците на плата, за што општината беше затрупана и од тужби.

МГС тон Јорданов почнува од 7 секунда со новиот колективен договор завршува на 39 во АРМ

Општина Штип на име на плати за пожарникарите годишно издвојува над 20 милиони денари, а согласно законот овие средства треба да се исплаќаат од централната власт. Согласно законот, бројот на пожарникари  зависи од бројот на жители, односно на секој 1.500жители, треба  да има по еден пожарникар.

Викторија Јованова