Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нормализирана е работата на системите за ископ на јаглен и јаловина во рудниците на РЕК Битола

/

пред 1589 дена

Сподели преку :

Работењето на системите во рудникот Суводол на РЕК Битола е нормализирано. По обилните врнежи од дожд кои во петокот и вчера го зафатија рудникот и предизвикаа поплава, ископот на јаглен и јаловина продолжува според планираната динамика.

Увид во нормализирањето на состојбите денес направи генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски.

  • Сакам да упатам голема благодарност до сите вработени во РЕК Битола, особено вработените во рудникот Суводол за пожртвуваноста што ја покажаа изминатите два дена и натчовечките напори што ги вложија за да не трпи производството на електрична енергија. АД ЕСМ како секогаш, така и сега прави се што може за континуирано производство од нашиот најголемиот капацитет, порача Ковачевски.

И покрај проблемите во работата што ги предизвикаа обилните врнежи од дожд, системите со рудникот Суводол не прекинаа со работа ниту во петокот, ниту за време на викендот. Таму продолжуваат планираните техничко – технолошки зафати за континуиран ископ на јаглен и јаловина.