Вo Кочани заврши уште еден марш на ангелите што го организираа семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“. Маршот почна во 17 часот и пет минути како задоцнета реакција на институциите, што доведе до оваа трагедија. Учесниците тргнаа од градскиот парк во Кочани до општината, седиштето на УЈП, пред полицијата, а заврши пред зградата на Основниот суд. Од пожарот во кој загинаа 62-ца млади луѓе, а повредени се повеќе од двесте, нивните семејства секоја сабота повикуваат на праведна и танспарентна истрага.











