Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нова рунда разговори за Собранискиот деловник

/

пред 1618 дена

Сподели преку :

Нареднава недела, повторно се отвара прашањето за собранискиот деловник. По повеќегодишни разговори на парламентарните партии со посредство на европски пратеници, `се уште нема конечен договор за пратенички прашања, за ефикасноста на комисиите, за ограничување на конститутивната седница, а пред `се – за употребата на уставното име на државата. Преку дијалогот Жан Моне или независно од него, ќе треба конечно да се реши и, како што се чини, најкомплицираното кадровско прашање во државата: уставните судии.

Помина месец и половина откако се комплетираше Комисијата за избори и именувања. Но, тоа било недоволно за да  одржи седница за утврдување предлог за уставни судии. Всушност, цела година, колку што стои отворена оваа точка, листата на предлози што треба да ги дадат партиите – е празна, односно, неусогласена. Претседателката Марија Георгиева очекува тоа да се случи по празниците. А во меѓувреме, Судот работи со 5 од вкупно 9 судии, додека 6-от се подготвува да си замине до крајот на годината поради истекување на мандатот.

Ова е само едно од прашањата кои треба да се доуредат со новиот Деловник. Спикерот Талат Џафери на брифингот со новинарите најави дека во новата рунда меѓупартиски разговори, мора да се отворат прашањата поврзани со незакажувањето на комисиски седници за одредени теми, одолговлекувањето и злоупотребата на сегашните деловнички норми. Се очекува усогласување и за родовата еднаквост, за изборот на генерален секретар, за пратеничките прашања и други теми, но и за онаа што изминативе години оневозможи сложно гласање – употребата на уставното име на државата.

Стариот Деловник беше причина за нова конфронтација завчера, на седницата за пратенички прашања, која се одржува по дури девет месеци. ВМРО ДПМНЕ побара да се не троши време на стари прашања, особено кога повеќето доаѓаат од власта за власта, а СДСМ одговори дека кога тие биле на власт, првото пратеничко прашање се поставувало во 17 часот, на крајот од работниот ден.

Деловникот и културата на парламентарниот дијалог се клучните теми во рамки на дијалогот „Жан Моне“. Овој пат, Талат Џафери најавува дека нашите пратеници ќе настојуваат сами да стигнат до решенија и да ги обликуваат во драфт верзија, а дури потоа, ќе се соочат со европската парламентарна тројка: Марион Валсман, Андреас Шидер и Илхан Ќучук.

Соња Николовска