Ограничување на амандманската расправа на 5 дена во редовна постапка, на 3 дена во скратена постапка и на 2 со европско знаменце, ограничување на поставувањето на пратеничките прашања, зголемени ингеренции на претседателот на Собранието,кој ќе ги преиспитува и референдумските иницијативи, како и можност да не верифицира мандат на пратеник избран на избори,се само дел од измените во новиот собраниски деловник, предложен од спикерот Талата Џафери. Резултат е на петгодишни разговори на пратеничките групи во рамки на Жан Моне процесот, што се одвива со посредство на европратеници и начелно е постигнат консензус, но има и забелешки. Од партијата Левица реагираа дека со новите правила се легализира двојазичноста во Собранието и се воведува султанат. Џафери негираше, оставајќи простор за доработка.
Предлог Деловникот има поддршка и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, иако пратеничката Сиљановска-Давкова имаше бројни забелешки.Побара и да се почитува амандманот 5 од уставот и да се смени делот во кој стои дека во работата на Собранието, службен јазик е македонскиот јазик, како и јазикот што го зборуваат 20 отсто од граѓаните.
Најавени се амандмани за кои ќе се разговара, целта е до крајот на годината деловникот да се донесе.
Далиборка Демјанска Цветановска











