Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Објавено и видео од нападот во Ист Гејт Мол: Осамен егзекутор пука пред случајни минувачи врз Штекли и човекот од придружба

/

пред 1076 дена

Сподели преку :

По новиот вооружен напад врз Раде Трајковски Штекли во Ист Гејт мол е објавено и видео од нападот на твитер профилот на Курир.

На снимката од безбедносните камери се гледа моментот на нападот, двете жртви на нападот се спуштаат по ескалатор надолу кон гаражите, а егзекуторот приоѓа до скалите и одозгора стрела во нив.

Ладнокрвниот убиец стрела во своите таргети додека тие не можат да избегаат бидејќи се наоѓаат на подвижните скали.

Тој пука без разлика што во неколку секунди околу него поминуваат тројца посетители во Ист Гејт Мол. Стрела врз жртвите само неколку метри зад двајца мажи- слушајни минувачи кои поради истрелите бегаат на сигурно.

По пукањето, егзекуторот бега во спротивен правец и поминува точно под безбедносната камера од која се објавени снимките на профилот на Курир на социјалната мрежа X (порано Twitter). Тогаш го враќа пиштолот во џебот.

Напаѓачот е облечен во бел дуксер во чиј џеб го носи пиштолот. На грбот на дуксерот има црни шари. На главата има качкет со спуштени штитници за уши. Убиецот носи темни карго панталони и црно-сиви спортски обувки со бел ѓон.

Полицијата засега не објави повеќе детали за ликот на егзекуторот кој рани двајца во Ист Гејт Мол за да може и јавноста да помогне во истрагата.

Полицијата се огласи за пукањето во Ист Гејт Мол во кое е ранет Штекли