Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Обвинителството со жалба за куќниот притвор на Асмир Јахоски- тврди има повреди на законските одредби

/

пред 588 дена

Сподели преку :

Обвинителството соопшти дека поднело жалба за куќниот притвор кој му е определен на Асмир Јахоски, сопственикот на Пуцко петрол и син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски. Јахоски беше приведен во акцијата за злоупотребите со милионските набавки на мазут за ТЕЦ Неготино,но судот наместо затворкси му определи куќен притвор.

Обвинителството тврди дека жалбата е поднесена „поради суштествена повреда на одредбите од кривичната постапка и побара Кривичниот совет на скопскиот суд да ги преиспита фактите содржани во жалбата“. За 4-цата приведени, за кои обвинителството бараше, им беше определен притвор освен за сопственикот на Пуцко петрол на кого му беше определен куќен притвор и мерка на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна исправа.

Со истрагата се опфатени Ратко Капушевски и Ерџан Сулкоски, сопственици на РКМ, Јахоски, екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски, поранешениот секторски директор во ЕСМ Ардиан Муча, како и уште 8 други лица кои учествувале во спроведувањето на набавките. ЕСМ во периодот меѓу 2021-ва и 2023-та за ТЕЦ Неготино купи над 160 милиони евра мазут. Со истрагата е оспорен начинот на распишување на јавните набавки и има сомнежи за перење пари добиени преку мазутот.

Соопштение на ОЈОГОКК:

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го разгледа Решението со кое не се прифати предлогот на обвинителството за определување на мерка притвор и на осомничен му беше определена мерка куќен притвор и мерка на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за издавање на нова патна исправа. Незадоволно од ваквата одлука Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во законски утврдениот рок до Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје поднесе жалба поради суштествена повреда на одредбите од кривичната постапка и побара Кривичниот совет да ги преиспита фактите содржани во жалбата, како и решавачките факти врз основа на кои е донесено обжаленото Решение.