Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Официјално, Изет Меџити ќе биде кандидатот на ВРЕДИ за Чаир, коалицијата за градоначалници предлага уште еден министер и 6 директори

/

пред 428 дена

Сподели преку :

Коалицијата ВРЕДИ одлучи од државни функции на локалните избори да префрли 8 функционери меѓу кои се двајца министри. Официјално  е потврдено дека за градоначалник на Чаир ќе биде кандидиран вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити.

Меџити беше првиот градоначалник на општина Чаир во сегашните граници и таа функција, но како претставник на ДУИ, ја вршеше во три мандати, од 2005-та до 2017-та. Сега за првпат ќе биде кандидат за градоначалник на ВРЕДИ и ќе се бори да го победи Бујар Османи од ДУИ. Во сите 5 избори досега во Чаир победувал кандидатот на ДУИ (двапати беше избран актуелниот градоначалник Висар Ганиу), но и двајцата се префрлија во ВРЕДИ преклани кога го формираа Демократското Движење.

Меџити не е единствен министер кој ќе се натпреварува на локалните избори како претставник на ВРЕДИ, во Кичево ќе се кандидира министерот за Социјална политика, Фатмир Лимани. Дополнително, уште 6 директори на државни институции, управи и инспекторати се кандидати за градоначалници на ВРЕДИ.

Коалицијата која е дел од владата ќе има и кандидат за град Скопје, директорот на Дирекцијата за општи услуги во Универзитетскиот клинички центар во Скопјe, Башким Бакиу. Бакиу беше кандидат пред 8 години во Сарај.

Во Тетово, кандидат е лидерот на Беса, актуелниот градоначалник Билал Касами додека во Струга, ВРЕДИ ќе го подржи независниот Менди Ќура, бизнисмен.

За Гостивар уште не е истакнат камдидат на ВРЕДИ, а Куманово и Газибаба не се спомнати по денешното претседателство на коалицијата која засега наведува дека ќе има 18 кандидати за градоначалници.

Претседателството на ВЛЕН ја одобри оваа листа на кандидати за градоначалници.

–          Во Тетово, кандидат на ВЛЕН ќе биде актуелниот градоначалник, Билал Касами.

–          Во Чаир, ќе се кандидира првиот вицепремиер, Изет Меџити.

–          Во Струга, ВЛЕН го поддржува независниот кандидат Менди Ќира.

–          Во Кичево ќе го кандидира министерот за Социјална политика, Фатмир Лимани.

–          Во Дебар, кандидат на ВЛЕН ќе биде заменик-директорот на Управата за јавни приходи, Фисник Мела.

–          Во Градот Скопје, ВЛЕН го предлага директорот на Дирекцијата за општи услуги во Универзитетскиот клинички центар во Скопјe, Башким Бакиу.

–          Во Сарај, кандидат на ВЛЕН ќе биде директорот на претпријатието „Номагас“, Мухамед Елмази.

–          Во Липково, ВЛЕН го кандидира директорот на Државните резерви на нафта, Неџмедин Садику.

–          Во Арачиново ВЛЕН ќе настапи со Даут Беќири.

–          Во Желино ќе продолжиме со актуелниот градоначалник на оваа општина, Блерим Сејдиу.

–          Во Теарце ќе се кандидира директорот на Бирото за регионален развој, Даут Мемиши.

–          Во Боговина, ВЛЕН го кандидира Фети Абази.

–          Во Брвеница, ВЛЕН го кандидира директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, Хаќим Рамадани.

–          Во Долнени, ВЛЕН ќе се кандидира со наставникот Блерим Ислами од село Цернилиште.

-Во оваа прилика, ве известуваме дека сè уште нема конечна одлука за кандидатите за општините Гостивар, Врапчиште, Студеничани и Чашка. Во разговори сме со неколку кандидати и потенцијални, секогаш обидувајќи се да понудиме најдобри имиња за овие општини, стои во соопштението.

Оттаму нагласувааг дека “сите овие се кандидати на ВЛЕН и, како што претходно одлучивме, ниту еден од нив не се кандидира под партиско лого. Всушност, освен што се кандидати на ВЛЕН и идни градоначалници на општини, тие ќе бидат слуги на сите граѓани без оглед на етничката, религиозната и политичката припадност.”