Граѓани кои се на граничниот премин „Табановце“, на северната граница на Македонија, испратија фотографии од големите редици возила за излез од државата. Тие тврдат дека се чека над час и половина за да се стигне до куќичките за пасошка контрола на преминот.
И АМСМ го регистрира чекањето и колоните автомобили, но со помала проценка на времето на чекање за излез од Македонија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила. На ГП „Табановце“, времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути, на ГП „Богородица“ за излез времето на чекање е околу 20 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, велат од АМСМ.











