Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ОЈО ги испитува причините за настанување на пожарот во Визбегово

/

пред 459 дена

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Скопје постапува во насока за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово.

„Јавен обвинител ќе издаде наредби и насоки за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово и евентуалната предизвикана опасност врз животот и телото на луѓето, имотот или врз животната средина“, информираат од обвинителството.

Во пожарот кој избувна утрото околу 9 часот на отпад за старо железо на улица „Б. Буна“ во скопско Визбегово, повредено е едно лице. Поради ветрот чадот од пожарот се гледа од неколку страни на градот.

Министерството за внатрешни работи претходно потврди дека е приведен сопственикот на отпадот во Визбегово каде во тек е акција на гаснење на пожарот.

„До овој момент едно лице е повредено и е пренесено за укажување лекарска помош. Поради непочитување наредба од службено лице, приведен е А.Н., сопственик на правното лице што управува со отпадот“, информира МВР.