Жители на повеќе делови на Скопје алармирараат дека воздухот во главниот град е полн со чад и се чувствува мирис на изгорена пластика. Зачаден воздух е регистриран во Аеродром, Ново Лисиче, Центар, Карпош, под Кале, Драчево.
Граѓаните велат дека покрај мирисот, од опасниот воздух чувствуваат гребење во грло и печење на очите.
Според првичните информации станува збор за чад од пожарот во Дрисла кој гори втор ден и поради промена на правецот на ветерот сега оди кон Скопје. Се задржува во пониските делови на главниот град и во пределите околу реката Вардар кои и преку зима се жртви на загадување поради спуштање на загадениот воздух.
Совети од медицинските лица се да се остане дома, да се затворат прозорците, да не се вклучуваат климатизери бидејќи го разладуваат надворешниот воздух. Доколку граѓаниите имаат прочистувачи може да ги вклучат за подобрување на внатрешниот амбиентален воздух во домовите.
Доколку сте надвор најдобро е да останете кратко време и да користите маска или дел од облека за да се избегне директно вдишување.
Пожарот во Дрисла се гасне втор ден, а бидејќи со вода не можеше да се изгаси или контролира од денеска наместо со вода се гаси со затрупување на депонијата и нагмечување на отпадот кој гори за да се намали дотокот на кислород до запалените жаришта на скопската депонија.
(живо)Чадот видлив, но опасност во воздухот нема – уверува Мицкоски











