Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Паднал од висина од три метри, загина 30 годишен работник од Делчево

/

пред 406 дена

Сподели преку :

30-годишен работник од Делчево трагично го загуби животот при несреќа во фабрика во градот.

Според информациите од СВР Штип, настанот се случил на 10 септември околу 11 часот, кога В.Р. (30) паднал од висина од околу три метри и се здобил со тешки телесни повреди.

Иако веднаш бил пренесен со возило на Итната медицинска помош кон Клиничката болница во Штип, тој им подлегнал на повредите на патот.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Делчево, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.