Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Починато 4-месечно бебе во Струга, истрага за неговата смрт

/

пред 802 дена

Сподели преку :

Го донеле родителите во болницата во Струга, но бебето не покажувало знаци на живот. Точно кога се влошила здравствената состојба на четиримесечнотот бебе засега не се познати, но според офицјјалните иформации родителите ноќтта побарале помош и од Итната помош.

Смртта на бебето е заведена во Општата болница во Струга во 23 часот. По наредба на јавен обвинител ќе биде извршена обдукција за да се утврдат причините за настапување на смртта. Информацијата првично ја соопшти СВР Охрид, а оттаму во билтенот наведуваат дека:

-На Детското одделение во Општата болница во Струга од родителите било донесено четиримесечно машко бебе од струшко село без знаци на живот. Според пријавеното, тие претходно повикале екипа од Итната медицинска помош – Струга, кои во семејниот дом извршиле реанимација, по што бебето го пренеле во болницата, каде била констатирана смрт, соопшти СВР Охрид.