Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Почнува судењето на поранешниот припадник на обезбедувањето на премиерот Мицкоски

/

пред 454 дена

Сподели преку :

Во Кривичниот суд денеска почнува судењето на Ангел Самараков кој е обвинет за оддавање на службена тајна од користољубие.

Самараков беше уапсен во април кога беше дел од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски. Тој беше уапсен во Велес со документација од истраги на велешката полиција, а наводно обезбедувачот на премиерот ги продавал тајните истражни информации за 50 илјади евра за да бидат објавени на социјални мрежи.

Оттогаш уапсениот Сарамаков е во притвор и е отстранет од обезбедувањето на премиерот каде бил ангажиран од лани кога е префрлен во Шестата управа на МВР.

Го обезбедувал премиерот Мицкоски и продавал службени полициски тајни- уапсен полицаец од Велес, вработен во 6-тата управа