Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поранешна директорка во ТЕЦ Неготино приведена во истрагата заедно со претседателката на Антикорупциска

/

пред 556 дена

Сподели преку :

Во продолжение на истрагата Адитив, според сознанија на Телма, покрај актуелната претседателка на ДКСК Татјана Димитриевска уапсени се уште две лица од Неготино.

Во зградата на ТЕЦ Неготино била уапсена Б.М., поранешната финансиска директорка на електраната. Таа ја извршувала функцијата во времето додека се одвивае активностите опфатени со истрагата за злоупотреби при набавка на адитиви.

Во Неготино е уапсен и Б.Н. кој е вработен во фирмата „Хем-алијанс“ која е во сопственост на друго осомничено лице во истрагата Адитив. Според сознанијата на Телма, Б.Н. во првичната истрага имал статус на сведок, но по нови сознанија во истрагата, обвинителството наредило негово обезбедување како осомничено лице.

Скопскиот кривичен суд потврди дека на претседателката на ДКСК и е одземен пасошот:

-Во однос на осомничената Т.Д. која доцна попладнево беше изведена пред судија на претходна постапка во однос на продолжување на акцијата во јавноста позната како “Адитив”, по нејзино произнесивање во однос на предлогот на ЈО за определување мерки за претпазливост, донесено е решение со кое СЕ ПРИФАЌА предлогот на ОЈО ГОКК и се опредлуваат мерки за претпазливост согласно точка 3 и точка 7 односно Привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова; и Забрана за преземање на одредени работни активности поврзани со кривичното дело, соопштија од судот.

Телма веќе ги објави и првичните сознанија за што е осомничена Димитровска.

Одземен пасошот на Татјана Димитровска и забранети ѝ се одредени работни активности