Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска во Лондон потрошила 765 фунти за приватни цели, утврди Антикорупциска

/

пред 695 дена

Сподели преку :

Државната комисија за спречување на корупција денеска донесе одлука да иницира постапка до надлежните органи во врска со употреба на буџетски средства за приватни цели на поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.

Комисијата денеска ги потврди наводите дека дел од државните пари не биле користени за службените цели на патувањата во Британија.

За време на службеното патување во Лондон пред две години, тогашната министерка според ДКСК потрошила вкупно 765 британски фунти за цели кои не се поврзани и не произлегуваат од службеното патување.

Обвинувањата ги објави првично ВМРО-ДПМНЕ на партиска прес конеференција, а Костадиновска-Стојчевска која сега е пратеник ги негираше тврдењата со објаснување дека и бил изгубен куферот на аеродромот и потоа парите ги вратила назад. Таа рече дека станува збор за политичка хајка.