Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Примената на законот за употреба на македонскиот јазик се уште низ лавиринтите на бирократијата

/

пред 406 дена

Сподели преку :

Година и осум месеци по донесувањето на Законот за употреба на македонскиот јазик, според кој е формиран и Инспекторатот кој ќе биде на браникот на македонскиот стандарден јазик законот се уште талка низ лавиринтите на бирократските  процеси без конкретна примена. Веднаш по назначувањето на Андреева за директор на оваа институција беа донесени стратешкиот и годишен план за работа. Во меѓувреме до Министерство за финансии е поднесен и годишен план за вработување на инспектори, за што би се знаело по завршувањето на локалните избори.

-Во почеток овие 8 инспектори доколку се вработат во предвидениот рок, веднаш по донесувањето на годишниот план за вработување ќе треба да посетуваат и една обука која според закон трае една година и откако ќе заврши оваа обука тие ќе се стекнат со лиценца инспектор по македонски јазик и ќе можат да работат на терен, изјави Менче Андреева, директорка на Инспекторат за употребата на македонскиот стандарден јазик

Сето ова може да трае и повеќе од две години, додека траат сите процедури, но на кое ниво е свеста за почитување на законот сега:

-Јас во повеќе наврати сум говорела за почитувањето на законот кој е веќе донесен, дека овој закон треба да се почитува од страна на институциите затоа што со него се опфатени: ѝзаконодавната, извршната и судската власт, конзулатите надвор од Македонија, меѓународните здруженија, јавните и образовните установи и медиумите, така што законот треба да се почитува од сите овие институции и нема потреба да се чека започнувањето со работа на Инспекторатот, вели Андреева.

Дали можеме да кажеме дека политичарите како јавни личности говорат литературен македонски јазик ?

Во моментов би рекла дека имаме и добри примери, добри практики кои имам можност да ги следам. Но, имаме и одредени исклучоци, сепак би рекла дека е на добро ниво употребата на македонскиот јазик од страна на политичарите и дека се трудат во последно време правилно да го користат македонскиот јазик, додава таа.

Верувам дека и Вие ќе се согласите дека во голем број земји ширум светот е престиж да го говорите литературно мајчиниот јазик ?

Секако дека е престиж, не само говорењето, туку и заштитата на јазикот. Тоа нѝ останува на сите нас и треба да се грижиме за јазикот, а грижата би ја правеле најмногу со правилна употреба на македонскиот стандарден јазик, се разбира и на кириличното писмо, истакнува Андреева.

Според првичните податоци секојдневно расте интересот на македонисти кои сакаат да го полагаат лекторскиот испит, што може да значи и зголемен интерес во иднина за изучување на македонскиот јазик.

Нина Стефанова