Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пукање во центарот на Штип- еден повреден, напаѓачот во бегство

/

пред 513 дена

Сподели преку :

Повеќе полициски тимови и истражно-увидна екипа е на терен во и околу кафе барот Веми во Штип во кој вечерва е ранет маж откако друго лице го застрелало со пиштол.

Напаѓачот избегал по престрелката. Според првичните информации во оружениот инцидент учествувал странски државјанин. Од МВР го потврдија настанот.

-Вечерва, околу 21.30 часот во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, било пукано со пиштол при што едно лице е повредено. Лицето со возило на итна медицинска помош е пренесено во болница во Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое пукало и за расчистување на случајот, одговорија од полицијата.

Околу местото на настанот, увидот го следат граѓани, но и странски студенти кои учат во Штип. На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа како застреланиот маж лежи на подот во кафулето додека девојка и момче му помагаат и му ја држат главата пред да дојде Итната помош.

Штипските лекари по приемот му пружаат медицинска нега и ќе му се извршат потребните хируршки зафати.

Полицијата е во потера по напаѓачот кој избега од местото каде се случи престрелката.