Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рекорден скок на цените на становите

/

пред 274 дена

Сподели преку :

Рекорден скок на цените на становите, регистрира Народната Банка. Според последниот квартален извештај- за третото тромесечие во 2025-та година, цената на квадрат стан скокнала за една четвртина односно за 25,1%.

Тоа е највисок тримесечен раст на цените од 2020-тата година наваму. Односно ако преклани во септември цената на квадрат била 1200 евра, во септември 2025-та скокнала на 1500 евра за истиот квадрат. Кај поскапите станови, од например 2000 евра за квадрат, цената за една година скокнала на 2 и пол илјади евра за квадрат. Или ако стан имал цена од цена од 100 илјади евра, за една година до септември 2025-та цената зља истиот тој стан пораснала на 125.100 евра.

Голем раст на цените на становите е забележлив целата 2025-та бидејќи цената скока со речиси дваесет проценти за секое тромесечие.

Градежниците пак тврдеа дека цените растат затоа што има малку градежни локации, особено во Скопје.

Но, во половината од скопските општини лани биле издадени најмалку 86 градежни дозволи за згради до крајот на истиот квартал кога е забележан рекорден пораст. Најмногу издадени дозволи има во Центар 48, во Аеродром-28, во Чаир и Кисела Вода по две, а во Ѓорче Петров имало 6 нови дозволи за згради или за колективно домување.

Вртоглавиот раст на цените не го намалува интересот за купување, а многу често становите се користат како инвестиции без сопствениците да ги користат или издаваат.

Миомир Серафиновиќ