Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ревизија: „Пошта“ со загуби и зголемен број на вработени

/

пред 370 дена

Сподели преку :

Државни „Пошта на Македонија“ повторно на удар на ревизорите поради континуирани финансиски загуби и зголемени трошоци за ангажирање лица по договор. И покрај намалените трошоци за плати, во 2024 година бројот на вработени пораснал на 2.267 лица, додека трошоците за хонорарци скокнале за речиси 29 милиони денари споредено со претходната година. Ревизорите нотираат и сомнежи околу наплатливоста на побарувања во висина од над 50 милиони денари и преценети приходи од поштенско работење со странство. Дополнително, вкупната задолженост на компанијата достигнала алармантни 89,26%, со краткорочни кредити подигнати од други државни компании како МЕПСО, Државна лотарија и Номагас.Во извештајот се истакнува дека понатамошното функционирање на „Пошта“ зависи од финансиската поддршка од државата, поради високите трошоци и сè поизразениот недостиг на ликвидност.