Нормализирана е состојбата со дистрибуција на струја до Клиничка болница-Штип откако вчера беше во прекин и ја отежнуваше работата на болницата поради дефект предизвикан од градежни активности.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев за МИА информирал дека откако вчера околу 15 часот беше скинат кабел, екипите на ЕВН кои работеа во текот на ноќта проблемот го решиле околу 1 часот по полноќ. Захариев утринава истакна дека состојбата со струјата е нормализирана и болницата нормално функционира.
Прекинот на струја во болницата се случи поради невнимателност при градежни активности кога беше скинат електричен кабел. За време на прекинот болницата функционираше со напојување од агрегат.











