Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сертификат-кочница за надзор врз тајните служби- што може, а што не смеат да бараат пратениците во АНБ

/

пред 407 дена

Сподели преку :

Сертификатите за „Државна тајна“ како  кочница за надзор врз тајните служби. Претседател на надзорна комисија и правобранители, со месеци и години чекаат АНБ и ДБКИ да ги проверат и да им дадат сертификати. ТЕЛМА со анализа што може да видат пратениците во АНБ.

Не смее да бараат информации и имиња на соработници на АНБ и на прикриени агенти на тајната служба. Законот за АНБ во детали регулира што смеат да гледаат, а што не смее да бараат од тајната служба за време на своите надзори. Покрај имиња на агенти, пратениците не може да бараат ниту странски доверливи информации од меѓународна размена ниту државни тајни кои АНБ ги добила од други институции.

Законот за АНБ им овозможува да побараат инфомации за:

– работата и мерките кои ги спроведува Агенцијата,

– наредби од суд за спроведување на мерки за тајно собирање на податоци и информации,

– наредби од суд за спроведување на мерки за следење на комуникации, согласно Законот за следење на комуникации,

– начинот на собирање на безбедносните податоци и информации, без да се открива идентитетот на работниците, изворите на податоци и информации или други податоци во врска со тековни процеси на собирање безбедносни податоци и информации за одделни случаи,

– извршување на Буџетот на Агенцијата и за постапката за користење на средствата за посебни намени на Агенцијата,

– информации за материјалната, техничката и кадровската опременост на Агенцијата,

– други прашања од надлежност на Агенцијата.

Надзор дали е се законски и според „тајни“ подзаконски акти

Дополнително, пратениците кои во среда ќе заминат во АНБ нема да смеат да бараат информации за тековни операции на тајната служба.

Но, случајот со следење на политичари и новинари е од минатото и од операции кои би требало да се завршени.

-Меѓутоа, од законски аспект, информациите ни се многу малку ограничени и ги има во законот кој не ги објаснува многу детално. Овие методи за собирање информации се уредени со подзаконски акти кои се донесени со подзаконски акти од страна на директорот на АНБ и кои имаат статус на класифицирани документи, па се недостапни за јавноста. Сепак, членовите на надозрните тела имаат овластувања и капацитет во рамките на спроведување на надзорот, да вршат проверка на законитоста на методите на работа односно дали предметите во институцијата се работеле согласно законските и подзаконските акти и процедури, изјави за Телма Кире Бабаноски, Универзитетски професор и експерт во областа за надзор врз тајните служби.  

Она што досега се знае, преку соопштението на обвинителството чии истражители вчера биле во АНБ е дека „станува збор за обемна и сензитивна документација“.

Работата е што и да се дознае и од надзорната посета нема да смее да се кажува во јавноста бидејќи АНБ досега одбива да изврши декласификација на спорните информации кои содржат сомнежи за злоупотреби со следење на политичари, новинари и јавни личности.

АНБ не дава проверки на тие што треба да ја проверат дали работи законски

Надзорот на тајните служби по собраниската драма и натаму се соочува со кочници, особено преку неиздавањето на безбедносни сертификати на тие што треба да контролираат и вршат надзор дали тајната служба работи законски.

Апсурдот е во тоа што, АНБ е задолжено да издава позитивни бебзедносни проверки на тие што треба да ги контролираат дали Агенцијата работи законски.

Најдобар пример е со народниот правобранител каде и покрај законската можност да врши надзор врз тајните служби, заменици правобранители и службеници речиси три години чекаат одговор од АНБ и Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации. Ништо не се смени ниту со смената на чело на АНБ.

Пред пензија добиле сертификати, помладите чекаат од АНБ и ДБКИ кои не открија дека друг и полагал тест на Димитровска од ДКСК

Пред извесно време, две заменички правобранителки добиле сертификати, но можеле да ги користат кратко време бидејќи им биле дадени неколку месеци пред да заминат во пензија.

Со месеци чека одговор и претседателот на собраниската комисија за надзор Скендер Зејд Реџепи. Поднел уште лани во декември кога АНБ и ДБКИ и издадоа сертификат на обвинетата екс претседателка Татјана Димитровска за која беше утврдено дека друг и полагал влезен тест за да добие „државна тајна“ сертификат.

Симптоматично е дека агентите на АНБ не откриле дека друг и полагал на Димитровска, а истовремено за најважната надзорна функција врз нив нема никаков одговор зошто не му даваат одговор на Реџепи.

-Ако се најавува дека имало прислушување на толку новинари, следење на толку новинари, независни луѓе, интелектуалци дали верувате Вие во чесноста на АНБ. Ако Вие сами како новинари сте можеле да бидете жртви на АНБ, како може да веруваме во таква служба. Тие (АНБ) до мене немаат поднесено одговор зошто еве 10-11 месеци, не добивам сертификат. Ни јас ни мојот заменик, рече Скендер Зејд Реџепи, претседател на собраниската комисија за надзор врз тајните служби.

„Тајна“ е и зошто Реџепи не е известен за сертификат

Комисијата не издава сертификати, но и да дознае зошто Реџепи не добива сертификат не смее да каже поради начинот на надзор во АНБ, објаснува поранешниот прв човек на собранискиот надзор врз тајните служби.

-Значи, од моментот кога ќе влезете таму и ќе оставите мобилни телефони и сите електронски уреди кои ги имате со Вас и влегувате на состанок, тоа е под „ДРЖАВНА ТАЈНА“. Сега она што се зборува во рамки на состанокот е класифицирано и нема да зборувам ништо во врска со тоа. Важно е прашањето кога и дали треба да има сертификат, актуелниот претседател на надзорната комисија, но за тоа прашање комисијата може да се информира и доколку процени ќе го соопшти, зависи од класификацијата, вели Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Според актуелната состојба, Реџепи нема да може да учествува во расветлување на последната афера, иако постои законска можност да добие привремен сертификат само за конкретниот надзор.

Миомир Серафиновиќ