Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Шведската министерка по симит погача замина на средби со премиерот и министрите

/

пред 325 дена

Сподели преку :

Во посета на Македонија, беше шведската министерка за ЕУ, Џесика Росенкранц која за појадок пред средбите со македонските владини претставници- купи еден познат специјалитет.

Таа преку ФБ профилот на шведската амбасада се пофали дека енергијата за билетарлните средби ја добила со оброк симит погача или како што го нарекоа „солено лепче во лепче“ и типично скопски пекарски производ.

-Каде најдобро да се ужива во него освен во срцето на главниот градски плоштад со највредниот поглед во градот: на Камениот Мост, на Кале тврдината, на старата Чаршија, на црквата Свети Димитрија, на Мустафа Пашина џамија и на Даут Пашин Амам. Се во една слика која совршено ја раскажува приказната за богатото скопско мултикултурно наследство и живото општество наво Северна Македонија, напишаа од шведската амбасада.

По локалниот специјалитет, министерката и амбасадата изразија и поддрша за европските интеграции на земјата и за проширувањето на ЕУ.

Муртезани: Се работи на уставните измени, но прво да се врати доверба со Бугарија