Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Силјановска по навредите во Парламентот за пратеничката Петровска: Не е лошо човек и да се извини

/

пред 597 дена

Сподели преку :

Претседателката Гордана Силјановска Давкова изјави дека сите политичари, како и пратениците треба да внимаваат на говорот, а “не е лошо човек да се извини”. Изјавата на Силјановска е дадена неколку дена по навредливите зборови на министерката Гордана Кочоска упатени кон пратеничката Славјанка Петровска.

„Не е лошо човек да се извини, не е лошо човек да рече дека можеби перцепцијата не е таква каква што требало да биде, намерата не била лоша намера-тоа мислам дека ќе доведе до надминување на ваквите проблеми“, изјави Сиљановска-Давкова.

Инцидентот се случи кога Кочовска на прашање на пратеничката за цените и потрошувачката кошница, првин порача дека нема никаква почит кон Петровска и дека пратеничката нема право да зборува за мајки со деца, што беше протолкувано како навредлив коментар за семејна состојба.

СДСМ побара оставка од министерката за финансии, а пратеничката Славјанка Петровска најави поднесување претставка за дискриминација.

Кочовска го отфрли барањето за оставка, а во јавните настапи рече дека Петровска се прави жртва.