Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Случај со повреденото тримесечно бебе на Детска клиника: Таравари најавува расветлување и одговори дали има одговорност за медицинскиот персонал обвинет дека го нападнал детето

/

пред 827 дена

Сподели преку :

Семејството на тримесечно бебе тврди дека детето било тепано на Клиниката за педијатрија за што имаат и фотографии како детето има модринки.

Министерот за здравство, Арбен Таравари изјави дека ако овој случај е вистина, медицинската сестра веднаш ќе биде отпуштена и тој лично ќе се погрижи веднаш да биде опфатена и со истражно-обвинителска постапка.

Тој синоќа заедно со директорот на Педијатрија се сретна со семејството на тримесечното бебе.

-Видовме модринки на раката на детето. Родителите се жалеа дека можеби не е третирано како што треба на Педијатрија. Ако има медицинска грешка, ќе треба специјална комисија на Клиниката за педијатрија да разгледа и да ја слушне и другата страна, рече Таравари.

-Родителите се жалеа дека можеби не е третирано како што треба на Клиниката. Заедно со директорот дојдовме одблизу да видиме што се случува. Сите пациенти се важни, но децата се посебно важни. Од утре треба специјална комисија на Клиниката да разгледа и да ја слушне и другата страна. Ви гарантирам дека веднаш ќе преземеме мерки против тие коишто постапиле лошо кон детето коешто дојдовме вечерва да го посетиме. Не смееме да се однесуваме лошо кон пациентите, изјави Таравари.

(Фото: ПорталХ)

Семејството на бебето, како што додава Таравари, а како што и претходно објави медиумот ПорталХ,  се сомнева дека детето било жртва на вработено лице во клиниката, по вербална расправија со медицинските сестри за време на приемот во болницата.

Семејството на бебето тврди дека расправијата се случила бидејќи мајката на детето не знаела да комуницира на македонски јазик.

-Доколку овој случај е вистина, оваа медицинска сестра веднаш ќе биде отпуштена и јас лично ќе се погрижам веднаш да биде упатена до правните органи. Каква и да е вистината, виновниците за овој грозен и болен чин ќе бидат пронајдени и казнети, соопшти Таравари преку објава на ФБ.

Четири малолетни деца во безсознание и повреди по телата откриени во куќа во Скопје