Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со црвено ферари во Монте Карло, Сашо Мијалков од црната листа на САД

/

пред 653 дена

Сподели преку :

(ФОТО направено од снимка објавена на скопје1.мк) Порталот Скопје1 објави видео за кое тврди дека е снимено во Монте Карло и на кое се гледа како поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков излегува од луксузно црвено ферари заедно со сопатничка.

Мијалков е на црната листа на САД поодамна, но неговото име дополнително беше спомнато и во последната објава на Стејт департментот со која на црната листа беа ставени Артан Груби и апелациониот судија Енвер Беџети. Стејт департментот образложи дека Груби и Беџети зеле мито за да ги застарат судските процеси на Мијалков.

Обвинителството отвори предистрага. Мијалков беше обвинет и во случајот за масовното прислушување „Тврдина“, но делото му застаре откако претходниот собраниски состав изгласа измени на Кривичниот законик со што беше намалена предвидената казна и настапи застареност.