Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Со ребалансот на буџетот, Владата во најкраток рок ќе излезе со анти-кризни мерки

/

пред 1586 дена

Сподели преку :

Од владата нема информација дали ќе воведе нови мерки, за да се заштити стандардот на граѓаните, но испрати соопштение во кое пишува дека со повеќе сеопфатни мерки обезбеди заштита за граѓаните од поскапувањата предизвикани од глобалната економска и енергетска криза.

Со ребалансот на буџетот, во најкраток рок ќе излезе со анти-кризни мерки кои ќе бидат потаргетирани, како што всушност се и последните препораки на меѓународните финансиски институции, пишуваат од владата.

Додаваат дека ова значи дека новите мерки ќе бидат насочени кон ранливите категории  граѓани и стопанството, кон оние на кои им се најпотребни.