Сообраќајна несреќа се случи утрово околу 10:35 часот на влезот во главниот град од автопатот Куманово – Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во сообраќајката, според полицијата, се судрија еден камион и два автомобила.
Поради тоа, сообраќајот се пренасочува зад бензинската пумпа што наоѓа на тој потег.
„Во сообраќајната несреќа учествувале товарно возило ‘ивеко‘ со скопски регистарски таблички, управувано од С.Д. (54), патничко моторно возило ‘ауди‘ со скопски регистарски таблички, управувано од Д.Р. (31) и патничко моторно возило ‘голф‘ со кумановски регистарски таблички, управувано од С.А.“, стои во извештајот на МВР.
Возачот на автомобилот од марката „голфот“ е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје за укажување на помош.
Полицијата сè уште врши увид на местото на несреќата.











