Собраниската Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања денеска ќе одржи седница.
На дневен ред на седницата е пријавата за повреда на Етичкиот кодекс од страна на пратеникот Талат Џафери, поднесена од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на 18 мај 2022 година.
Собранискиот спикер Талат Џафери на последниот брифинг со новинарите рече не чувствува одговорност да се извини на собраниските службеници кон кои се обратил со погрдни зборови. Тој не смета дека го прекршил Етичкиот кодекс и вели дека за ова прашање има процедура која тече во телата на Собранието.
Џафери на завршување на првото заседание на 71-вата седница користеше пцости и навреди за вработените во собраниските служби.