Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Среде пладне кавадарчанец се напил и стигнал до 2,52 промили – полицијата го фатила кога излетал од патот

/

пред 510 дена

Сподели преку :

МВР извести дека 44-годишен кавадарчанец излетал од патот Кавадарци – Дреново, а кога го му извршиле алко-тест утврдиле дека има 2,52 промили алкохол во крвта. Законот препорачува да не се вози откако ќе се пие, а над 0,50 промили се пишува казна и возачот се исклучува од сообраќај.

Но, кавадарчанецот седнал да вози со пет пати повеќе алкохол од законски дозволениот максимум и тоа среде пладне.

„На 11.05.2025 во 17.10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Г.Т. (44) од Кавадарци. Тој, управувајќи возило „голф“ со кавадаречки регистарски ознаки, на регионалниот пат Кавадарци – Дреново, кај место викано Рамниште, изгубил контрола и излетал од патот. Г.Т. бил задржан во полициска станица, а од извршените проверки било констатирано дека го управувал возилото со 2,52 промили алкохол во крвта. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило““, се вели во соопштението на МВР.