Во соработка на македонското и српското министерство за внатрешни работи, во Скопје е уапсен 42 годишниот С. М.
При претрес на станот и други простории во Скопје каде што престојувал, пронајдени се лична карта на друго лице издадена од Република Србија, црна тактичка униформа, воен нож, мала количина марихуана, пиштол марка CZ и муниција.

С. М. претходно нелегално влегол на територијата на Македонија и според сомневањата на срспката полиција „планирал да изврши тешки кривични дела во име на членови на криминалната група на која припаѓа, најверојатно кривично дело убиство“.
Од МР го потврдија случајот и соопштија дека уапсени се уште две лица- српски и македоснки државјанин.












