Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Судар на мотор и автомобил на раскрница на Партизанска- викендот имало зголемен број на повредени во сообраќајни несреќи

/

пред 489 дена

Сподели преку :

(ФОТО испратено од гледач на Телма) На раскрсница меѓу булеварот Партизански одреди и улицата Рузвелтова попладнево се случи сообраќајна несреќа односно судар меѓу автомобил и мотоцикл.

Полицијата врши увид, а на лице место е тим за медицинска помош. Несреќата се случила на самата раскрсница во близина на поранешно Симпо и на поранешното седиште на СЈО. Моторот е извртен на коловозот, а идреното возило е на средина на раскрсницата поради што отежнато се одвива сообраќајот.

На календарскиот почеток на летото, Итната помош регистрирала поголем број на повредени во сообраќајни несреќи. Во двата дена од викендот, вкупно 15 повредени во сообраќај биле пренесени од возила на Итна помош во скопските болници.