Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Суспендиран полицискиот началник од Демир Хисар кој наредуваше на носилки да се носи болна осомничена жена во станица

/

пред 434 дена

Сподели преку :

Внатрешната контрола на МВР утврди непрофесионално и неетично однесување на началник во ОВР Демир Хисар којшто прексиноќа сакаше со носилка да носи болна жена во полициска станица и покрај укажувањата на лекарите од Итната помош за влошена здравствена состојба на осомничената директорка на средно училиште.

-Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време на претрес во Демир Хисар, констатираше непрофесионално и неетично однесување на началник во ОВР Демир Хисар. За лицето е покрената дисциплинска постапка, соопшти МВР.

Началникот е суспендиран и ќе биде разрешен од функцијата „со цел целосна непристрасност и објективност на истрагата“.

Случајот беше обелоденет вчера откако претходната вечер, адвокатот на осомничената директорка објави видео на кое се гледа како началникот на Итната помош и вели дека ќе има приведување на жената која во станицата ќе ја донесат „ако треба и на носилки“.Полицијата ја отворила истрагата за „Одземање или уништување службен печат или спис“ бидејќи директорката била на боледување, а градоначалникот сакал да ја разреши иако не ја поставил тој туку Министерството за образование.

Смената и полициската акција се одвивале еден ден пред распишување на изборите поради што би била спречена смена на директорката. Се барал печатот од средното училиште, а печатот  според директорката осомничена за кривично дело бил во сеф во школото.

Обвинителството уште вчера негираше дека барало приведување или итен распит на осомничената. До овој момент, полицијата ниту поднела кривична пријава за случајот со печатот кој го барала дома кај директорката ниту пак доставиле писмено известување до обвинителството, известија од прес службата на обвинителството.

Во продолжение соопштението на МВР за суспендирањето на началникот:

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време на претрес во Демир Хисар, констатираше непрофесионално и неетично однесување на началник во ОВР Демир Хисар. За лицето е покрената дисциплинска постапка.

Со цел целосна непристрасност и објективност на истрагата, наведениот началник ќе биде разрешен од функцијата.

МВР го осудува секој облик на насилство, незаконско или непрофесионално постапување. Полицијата е тука за да ги спроведува законите и да им служи на граѓаните.

(ВИДЕО) Полициски началник наредува Итна помош да носи осомничена со висок крвен притисок во станица- Обвинителството вели не е барано приведување