Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors
Арбен Таравари, Arben Taravari

Таравари: Односите во Владата се коректни, треба почесто да се консултираме и да се синхронизираме

/

пред 765 дена

Сподели преку :

Министерот за здравство и лидер на Алијансата на Албанците Арбен Таравари, кој учествува на 79 тото Генералното собрание на ОН, изјави дека односите помеѓу партнерите во коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, каде што се Вреди и ЗНАМ, се коректни и дека оваа Влада ќе продолжи да функционира.

Владата, вели тој, има подолгорочна стратегија, но потребна е почеста консултација и синхронизација меѓу партиите од власта. Ваквата изјава на Таравари доаѓа по изјавата на Халил Снопче дека Вреди ќе излезе од владината коалиција ако се изгласа законот за бранители и на премиерот Христијан Мицкоски кој му посака среќа на пратеникот доколку се случи тоа.

Смета дека реакцијата на Снопче за законот за бранителите била, како што рече, како што треба, но се надева дека во владиното мнозинство ќе има координација и дека ќе се надмине „овој ситен проблем“.