За големиот пожар во погонот на фабрика за пластика во кругот на тетовската Македонија Табак, локалните служби бараат помош од други противпожарни служби како и хеликоптер на МВР за да помогне во гаснење на големиот пожар кој се уште трае.
За побрза интервенција, СВР Тетово побара од тетовчани да не одат во тој реон и да го избегнуваат. Пожарот бил пријавен утрово во 9:30. Нема повредени лица во првичната пријава според која пожарот избувнал во склад за производи на фабрика за пластика.
(Видео) Голем пожар во поранешната фабрика „Македонија Табак“ во Тетово











