Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тошковски: Две дополнителни ленти за излез на граничниот премин Богородица

/

пред 481 дена

Сподели преку :

две дополнителни ленти ќе отвори Македонија  за излез на граничниот премин Богородица и уште една за влез на товарен сообраќај, кажа  Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тој на прес конференцијата со литванскиот колега рече дека за во иднина се планира товарниот сообраќај да се пренасочи преку посебен граничен премин, онака како што тоа во моментов го прави Грција. Во летната туристичка сезона граничниот премин Богородица интензивно се користи од македонските, но и од сите туристи од регионот кои патуваат во Грција поради што се случува за излез од земјава да се чека со часови. Грчкиот Премиер Мицотакис веќе најави дека Грција ќе почне со целосно реновирање на граничниот премин Евзони за да овозможи побрз проток на патници и стока.