Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Три години затвор за гинекологот Асани кој на младата родилка Веапоска, по царски рез и извадил здрави органи

/

пред 328 дена

Сподели преку :

Мухамед Асани, гинекологот кој на Јалдз Веапоска ѝ го изведе царскиот рез по кој родилката остана без матка, јајник и бубрег, денеска е осуден на три години затвор и пет години забрана за вршење дејност и одземање на лиценцата од Лекарска комора, објави Слободен Печат. Неговиот син Блертон Асани и гинекологот Лилјана Јовановска, се ослободени од обвинението.

Во изјава за Слободен Печат, оштетената Веапоска изјави дека ќе се жали на пресудата бидејќи не е задоволна. Осудениот Асани при породување со царски рез, на бремената Веапоска и извадил повеќе внатрешни органи со оценка дека било неопходно поради компликации.

Во 2020-тата година, младата Веапоска остана без бубрег, јајници и матка кои според вештачењето користено во судскиот процес биле здрави. Таа покрена случај кој обвинителството го прифати и поднесе обвинение.

Осудениот лекар има право на жалба на тригодишната затворска казна и на останатиот дел од пресудата која е донесена денеска во струшкиот суд.