Мерки на претпазливост за две лица на возраст од 22, односно 30 години, кои се осомничени дека заедно извршиле – Тешка кражба. Тие на 10 јануари, на паркинг на булеварот „Илинденска”, со тврд предмет го скршиле задното стакло на паркиран автомобил со бугарски регистарски ознаки..
Додека едниот преку отворот влегол во возилото, другиот внимавал да не наиде некој. Од автомобилот БМВ во сопственост на бугарска фирма, кој го управувал бугарски државјанин, двајцата осомничени украле 12.000 евра, лаптоп и други предмети, па избегале со сопствено возило.











